Харизматичната Penelope и Carpisa се совршен пар
8 април, 20190
Познатата актерка Penelope Cruz – симбол на сензуалност и елеганција, повторно се појавува како амбасадор на италијанскиот бренд Carpisa, во новата колекција на ташни и куфери за пролет/лето 2019. година. Новата колекција на Carpisa е инспирирана од модерната жена, протагонист од времето во кое живееме, жена која знае што сака, активна и секогаш елегантна.
Penelope, заедно со нејзината сестра Monica Cruz, веќе со години дизајнира лимитирани колекции за Carpisa, а оваа пролет нуди модерни и софистицирани ташни кои ќе и помогнат на секоја модерна жена да се истакне во било која пригода.