Irina Shayk го претстави главниот моден додаток за оваа пролет

22 мај, 2019
irir

Преубавата манекенка и италијанскиот бренд се совршен спој.

Главниот моден додаток за оваа пролет е свилената марама. Одберете како ќе ја носите: околу рака, на чанта, на коса заврзана во реп или врзете ја околу вашата глава. Последниот начин го одбра Irina Shayk – таа се појави во рекламната кампања на Versace посветена на новата колекција на модни додатоци.

Брендот го објави првиот дел од рекламната кампања, а воедно и кратко видео, каде што Irina гледа во екранот на нејзиниот smart phone.

Што пишува Irina? Само Versace и повторно Versace (сигурно, и одговара на Donatella). На Irina ова не и е прв пат да соработува со Versace: во последните сезони таа редовно се појавува во рекламните кампањи на модната куќа и на модните писти. И оваа врска е очигледно многу успешна!