16 септември, 2019

Радио

Maнекенката Кендал Џенер веќе безброј пати ни потврди дека не се срами да го покаже своето тело.Таа неодамна позираше сосема гола за италијанскиот Vogue, а неколку пати со гордост прошета на црвениот килим , покажувајќи ги брадавиците.

Овој пат таа не беше толку „храбра“, но во секој случај играше на картата-сексипилност. Додека монохроматските стилови стануваат сè попопуларни, познатата манекенка одлучи да проба како и стои овој тренд, па на забавата на дизајнерот Стјуарт Вајтсман, во чија кампања во моментов е главна ѕвезда, облече само сако и портокалови штикли.

За да ја разбие монотонијата од една боја, Кендал овој outfit го зачини со интересни модни додатоци. Освен жолтите обетки со невообичаена форма, таа носеше и кожни црни ракавици кои на оваа комбинација и донесоа дополнителната доза на заводливост.

Остави коментар

Почетна // живот // Какви нозе! Kendall Jenner носи само сако и штикли
Горе