Која позната актерка нe убеди дека ни е потребно палто со цветен дезен?
22 јануари, 20190
Омилено пролетно модно парче и за поладните денови!
Додека ги броиме деновите до пролетта, познатата актерка Сара Полсон ни покажа дека можеме да ја почувствуваме пролетта и во зимските месеци со капути со цветен дезен.
Во овој случај, Сара се одлучи за балонер на американскиот дизајнер Мајкл Корс, под него носеше кожен Хермес фустан со маслинесто зелена боја, а ја заврши комбинацијата со црвени чевли.
Во истиот момент, бевме инспирирани да одиме во потрага по нашите цветни парчиња, а во актуелната понуда пронајдовме многу интересни палта, јакни и мантили од овој популарен модел.
Нив ги нудат голем број на брендови, вклучувајќи ги и Acne Studios, Prada, Miu Miu, Rochas и Gucci.
Во галеријата ви претставуваме дел од нив.