28 мај, 2020

РЕДОВНОТО одење во теретана, активен живот и вежбање сигурно ќе резултираат во дефинирано тело и мускули. Се разбира, резултатите нема да бидат видливи преку ноќ, но исто така можете да го забрзате процесот со правилна исхара. Ако сонувате за затегнато тело и мускули, овие пет намирници ќе ви помогнат побрзо да ја зголемите вашата сила и издржливост.

ПИЛЕШКО МЕСО

Ги содржи сите аминокиселини кои се потребни за правење на мускули, така што околу 100 грама пилешко месо содржи 190 калории, 29 грама протеини и 3 грама маснотии. Исто така, е богато е со витамин Б3, како и витамини Б6 и Б12 кои се одлични за мускулите.

ЈОГУРТ

Покрај тоа што е богат со калциум и помага во спречување на остеопороза, јогуртот го намалува појавувањето на грчеви и ги штити коските од кршење.

ЈАЈЦА

Дури и малите деца знаат дека јајцата се омилената храна на бодибилдерите, а за тоа постои добра причина. Оваа храна ги содржи сите протеини што се потребни за подобрување и формирање на мускулна маса, односно едно поголемо јајце содржи 75 калории, 7 грама протеини и 5 грама маснотии.

ЛУБЕНИЦА

Лубеницата содржи аминокиселина цитрулин, која го забрзува процесот на елиминирање на вишокот на млечна киселина од мускулите и го скратува процесот на закрепнување на мускулите по напорниот тренинг.

СПАНАЌ

Ако јајцата се омилената храна на бодибилдерите, спанаќот е омилена храна на славниот Попај. Сепак, не е изненадувачки ако знаете дека е совршен избор ако сакате да ја зголемите мускулната маса, бидејќи е богат со нитрати кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук, а одговорни се за разградување на клетките, што ни овозможува енергија.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Консумирањето на овие намирници ќе ви помогне за мускули од соништата
Горе