Летна колекција на Yamamay инспирирана од океанот
16 мај, 20190
Малдиви и симболот на убавината, како и ранливоста на нашата планета се позадината на новата летна колекција Yamamay 2019. година. Брендот со оваа кампања, покрај претставувањето на новата летна колекција, сака да сведочи за потребата од грижа за океанот и да ја подигне свеста кај своите клиенти.
Greta, Zaina, Sheila и Claudia се моделите на оваа кампања. Тие се фотографирани во елегантни и женствени парчиња, во различни периоди од денот, алудирајќи на типичен женски одмор на море.
Посетете ја продавницата на Yamamay и одберете ги вашите омилени бикини со кој ќе блескате на секоја плажа.