Дали некој навистина сака секси долна облека?

12 февруари, 20190
jkh

Замислете го ова сценарио: едвај ќе се вовлечете во секси црвено-црн корсет, некако ќе ја поминете вечерата во него, конечно се враќате дома, ќе се соблечете и – вашиот партнер воопшто не е воодушевен.

Многу често се случува жените да сакаат да го изненадат партнерот во секси долна облека, но ситуацијата ќе добие непосакуван расплет. Всушност, од некои необјасниви причини, мажите не знаат како да реагираат кога ќе видат жена во чорапи, кои повеќе ги потсетуваат на безбедносна мрежа отколку на долна облека. Жените пак, од свои причини, ова го сфаќаат како лична навреда и војната може да започне …

Еве зошто се случува ова…

Кога ќе облечеме нешто минијатурно и секси, тоа врз нас делува на два начини. Од една страна, се чувствуваме сигурно и секси, но од друга страна, пак, се чувствуваме ранливо, бидејќи се прикажуваме пред партнерот во издание во какво досега нè нема видено. Исто така, не им се допаѓа баш на сите. И покрај тоа што, до некој степен ќе го убиете изненадувањето, малку распрашајте го вашиот партнер каква секси долна облека му се допаѓа, можеби човекот има аверзија кон црвена, па затоа подобро ќе биде да облечете црна или сина чипка. Ако мислите дека ќе биде премногу шокиран одеднаш, започнете полека со свилен секси градник, па видете како ќе реагира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *