16 октомври, 2019

Радио

Иако причините поради кои доаѓа до кавга со партнерот се прилично индивидуални, очигледно има многу луѓе кои не можат да останат рамнодушни на некои ситуации и потези. Како што пренесува „The Guardian“, едно неодамнешно истражување на американски универзитет докажало дека паровите најчесто се расправаат поради следниве три причини:

Секс

Можеби неочекувано, но кога малку подобро ќе размислите, сексот е голем и важен дел од секоја љубовна врска, па затоа не е ни чудо што постојат и несогласувања околу тоа. Најчеста причина зошто двојките се расправаат, а да е поврзана со сексот е дека една страна сака повеќе, а другата помалку, што создава незадоволство и бунт.

Уредност

Истражувањето спроведено од страна на Storage World покажа дека дури 61% од жените ги одбива неуредноста кај мажите. Иако машкиот процент е многу помал, 25%, се чини дека тоа е доволно за да се направи интолеранција на (не) уредноста кај повеќето парови.

Не слушање на партнерот

The Guardian оваа причина ја нарекува „синдром на лажна меморија”. Имено, многу луѓе, кога не слушаат што зборува некој друг, и се повикани да одговорат на тоа, се обидуваат да се одбранат со лажење дека тоа не е вистина, и дека тоа е измислена изјава која никогаш не ја изговориле.

Остави коментар

Почетна // живот // Постојат три најчести причини поради кои паровите се расправаат
Горе