Многу смело и модерно: Денес сите зборуваат за тренди штиклите на Меган Маркл

11 јануари, 20190
меган

Меган Маркл продолжува да биде главна трендсетерка во кралското семејство.

Војвотката на Сасекс продолжува со своите деловни обврски, а првото појавување во јавноста во новата година беше резервирано за поддршка на невработените дами во Англија.

Меган беше гостинка на организацијата Smart Works и им помогна на дамите да одберат вистински стајлинг за деловен разговор.

И додека Меган избираше модни парчиња, целото внимание беше фокусирано врз убавата бремена жена и нејзините необични салонки.

Иако до сега не сме имале можност толку често (можеби и никогаш)да видиме некој од кралското семејство како носи animal print, Војвотката во комбинација со црн едноставен фустан ги искомбинира црно-белите салонки со впечатлив дизајн за кои денес сите зборуваат.

Фановите на кралското семејство, открија дека тренди салонките се дело на италијанскиот дизајнер Џанвита Роси.

Како и обично, нејзината коса беше фатена во пунџа, а многумина ја искоментираа фантастичната линија на прекрасната Меган која изгледа подобро од било кога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi