Не се важни само вежбите: Џенифер Лопез има совршен стомак благодарение на оваа диета

28 јануари, 20190
ј ло 2

Латино пејачката Џенифер Лопез е голем поддржувач на фитнесот и здравиот живот. За тоа има одлична поддршка од нејзиниот емотивен партнер Алекс Родригез со кого вежба секој ден.

Тие двајца смислија предизвик кој брзо се рашири на интернетот. Станува збор за фитнес предизвик -„10 дена без шеќер и јаглехидрати“.

Кога држите „Кето“ диета, треба да ги преферирате следниве намирници: месо, јајца, природни масти, како што се путер и маслиново масло, риба и морски плодови, зеленчук кој содржи мало количество на јаглени хидрати, тврди сирења, јаткасти плодови, а понекогаш дел од вашето мени, можат да бидат и црвените овошја. Забранети намирници се оние кои содржат големи количества шеќер и јаглени хидрати, како што се: тестенини, леб, сокови, слатки, компири, овошје, пиво, млеко и јогурт со намалена содржина на маснотии.

Џеј Ло на четвртиот ден на оваа диета, која е добро позната како Кето диета, објави фотографија од нејзиниот стомак.

Под фотографијата од нејзиниот совршен стомак таа напиша:

– Четврти ден и се чувствувам малку подобро. Кој е со мене?

Познат пар моментално се храни со свеж зеленчук, ориз и риба. Дека оваа диета не е толку лесна, призна и самата пејачка:

– Се воспостави дека сте постојано гладни кога не јадете благо и јаглени хидрати. Затоа сега се обидуваме да ги најдеме сите оброци, призна Џеј Ло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *