13 декември, 2019

Радио

Познатиот модел на патики на Adidas, Ultarа BOOST, кој првпат беше претставен во јавноста во 2015. година, добива ново лице! Во соработка со брендот Nice Kicks, тие создадоа tie-dye примерок во чест на педесеттата годишнина од славниот Woodstock. Шарените патики со препознатливиот изглед на шеесеттите години веднаш ги освоија социјалните мрежи.

Woodstock стана симбол на хипи движењето и патувањето кон мирот, љубовта и музиката. Не само што музичкиот фестивал ја дефинираше генерацијата, туку и начинот и стилот на живот што го следеа.

Ова е втор пат Adidas да се здружи со ланецот на продавници за чевли Nice Kicks. Првата нивна соработка се случи во 2016. година, по повод отворањето на новата продавница на Nice Kicks во Сан Франциско. За таа прилика, беше дизајниран е специјален NMD Runner PK модел, кој исто така беше инспириран од die-dye примерокот. За жал, за сите вас што сакавте да ги имате во вашиот ормар, станува збор за лимитирана колекција која веќе не е достапна на пазарот.

Остави коментар

Почетна // живот // Нови Adidas патики испирирани од Woodstock
Горе