24 март, 2019

Радио

Креативниот директор Шанел, во последниве месеци, ретко се појавуваше во јавноста, а на последната ревија во Париз тој воопшто и не дојде. За прв пат по речиси 40 години тој не беше присутен, а од неговата модна куќа Шанел тогаш изјавија дека Лагерфелд не се чувствува добро, но дека ништо не е страшно, само е уморен. Сепак, денес е потврдено дека дизајнерот починал од рак на панкреас, од кој долго време страдал. Тој бил итно пренесен во болница, а рано наутро почина како резултат на влошувањето на состојбата, објавија локалните медиуми.

– Тој никогаш не зборуваше за својата болест, се бореше со неа лавовски и во тишина. Се гордееше со неговиот здрав начин на живот. Беше активен во спортот и здраво се хранеше, а веста дека боледува од рак на панкреас беше голем шок за него – изјави извор близок до Лагерфелд. Многу познати личности одлучија да  последните поздрави на Карл да ги испратат на социјалните мрежи. Меѓу нив се Елтон Џон, Викторија Бекам, Лили Ален Дијана Кругер и многу други.

Остави коментар

Почетна // живот // Откриена е причината зошто светот остана без модниот гениј: Со болеста се борел лавовски и достоинствено
Горе