Оваа сезона ќе носиме разигран накит со весели бои

13 мај, 2019
nakit

Сега, сигурно многу добро знаете дека и најмалото парче накит може да ја промени целата комбинација, а замислите каква е моќта на трансформацијата кога станува збор за шарен накит со боите на виножитото, а тоа е она што сѐ почесто го гледаме на трендсетерките.

Бидејќи сам по себе е доволно впечатлив, разнобојниот накит најдобро изгледа со црни и монохроматски комбинации или во комбинација на неодоливите неутрални беж тонови.

Во продолжение, избравме 15 прекрасни разнобојни парчиња накит од познатите брендови за накит како што се Roxanne Assoulin, Loulou de la Falaise и Sylvia Toledano.