6 декември, 2019

Радио

Prada Presents: A Gift to Give

Секоја година, за време на празниците, Prada испраќа Божиќни подароци до својата заедница. Но, оваа година ритуалот се промени, имено среќните добитници на подароците на Prada не смеат да ги задржат за себе, туку мора да ги пратат на некоја драга личност. На секои неколку дена, на социјалните мрежи се објавува ново unboxing видео, во кое познатите личности и амбасадори на брендот избираат личност на кому ќе му ги разубават празниците. Подароците досега се состоеја исклучиво од ташни, па така досега имавме можност да видиме подароци од моделите Brique, Cahier и Galleria, а среќните добитници од нивниот личен круг на блиски пријатели и членови на семејството беа Lara Stone, Pixie Geldof, Bakar и Sara Blomqvist Young. Во продолжение погледнете ги подетално објавените подароци од кампањата Prada Presents: A Gift to Give.

Остави коментар

Почетна // живот // Prada со поразлична празнична кампања
Горе