23 јули, 2019

Радио

Совети од нутриционистката Alise Vitti од книгата „Woman Code“.

Нутриционистката Alisa Vitti во книгата Woman Code , ги објаснува хормоналните промени во одредени фази на менструалниот циклус и советува како да се однесувате и што да јадете, за  да хормоните останат во рамнотежа за време на менструалниот циклус, бидејќи мисли дека тоа е начин да се решат многу здравствени проблеми.

Наместо чоколадо и сладолед, советува дека за време на периодот на менструалниот циклус, во изобилство треба да конзумирате нутриривна храна богата со: протеини, здрави масти и овошје и зеленчук со низок гликемиски индекс, со што ќе се одржи стабилното ниво на шеќер во крвта, а на организмот ќе му обезбеди извор на влакна и антиоксиданти. Покрај тоа, бидејќи поради железото и цинкот се намалува крварењето, овие минерали е добро е да се надокнадат со конзумирање на морски плодови и нори алги.

А ако сакате нешто топло и со смирувачко дејство, нема ништо подобро од вариво и супа. Бидејќи количината на енергија се намалува поради падот на нивото на хормони за време на менструацијата, неопходно е, како што верува Vitti, кардио активноста да се замени со некоја полесна  теловежба. Затоа, за да се чувствувате подобро за време на циклусот, наместо да одите на трчање или фитнес, практикувајте јога или пилатес.

Остави коментар

Почетна // живот // Што да јадете и како да се однесувате за време на менструалниот циклус
Горе