SOS модни пријатели: Ова парче накит ќе го трансформира секој ваш outfit

21 мај, 20190
nakit 2

Добра ташна, каиш и чевли можат секој аутфит да го подигнат на повисоко ниво, како и впечатливите парчиња накит што го одвлекуваат вниманието од фустанот кој што веќе неколку пати сте го носеле и му даваат сосема нов изглед.

Многу трендовско парче накит се statement обетките кои веќе неколку години се во мода, но од сезона до сезона тие добиваат нови форми, бои и дизајн.

Покрај тоа што го надополнуваат вашиот аутфит, statement обетките го истакнуваат обликот на вашето лице и ја нагласуваат шминката.

Иако неколку сезони носевме минималистички накит, оваа година повторно станаа популарни впечатливите, големи обетки кои едноставно не можат да останат незабележани.

Дали ќе ја обновите вашата кутија за накит со нов пар statement обетки?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *