3 DIY рецепти за меки усни во текот на зимските месеци

12 декември, 20190
u

Првите постудени денови, покрај слоеви, слоеви, слоеви на облеката, носат и задолжително прилагодување на нега на кожата. Најизложени на надворешни влијанија како студ и ветер се усните, кои исто така страдаат и во затворен простор заради сув воздух и греење. Многу од кармините со долготраен ефект и пастата за заби уште повеќе придонесуваат за испукани усни, па дури и неколку слоеви на хидратантни мелеми не можат да помогнат многу ако го прескокнеме честопати занемарениот чекор за ексфолијација.

Пилинг за усни можете да најдете скоро во секоја продавница за козметички производи, а исто така можете да се одлучите за бесплатната варијанта и да измешате неколку состојки од вашиот кујнски шкаф.

 Ви претставуваме три рецепти за домашен пилинг за усни, а по ексфолијацијата, никако не заборавајте да ја нахраните кожатата со хидратантен мелем. На секој од овие пилинзи, можете да додатете по некоја капка есенцијално масло по ваш избор.

 Пилинг од кокосово масло и кафеав шеќер

Измешајте една лажичка кокосово масло со две лажички кафеав шеќер. Нанесувајте од смесата на усните со благ притисок во кружни движења и оставете ја смесата да делува 10 минути.

Пилинг од кафе и мед

Смесата направете ја со една лажица мелено кафе и една лажица мед. Масирајте ги усните неколку минути со кружни движења. Оставете ја смесата да делува како маска неколку минути пред да ја исплакнете со топла вода.

 Пилинг од морска сол и шеа масло

Измешајте по една лажица сол и шеа масло и нанесете ја смесата на усните. Масирајте ја кожата и исплакнете со млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi