Аграново масло: Спас за сува и третирана коса

26 јули, 20200
коса

Во последно време, аргановото масло стана многу популарно во западните земји, а причината е едноставна – откриена е неговата исклучителност и скапоценост.

Интересен факт е дека аргановото стебло е прогласено за светско наследство на УНЕСКО, што само дополнително ја потврдува неговата вредност. За само еден литар масло потребни се 100 килограми овошје (!), затоа не треба да бидете изненадени од цената во споредба со некои други масла. Витаминот Е е најважната состојка бидејќи од него потекнуваат антиоксидантните својства на маслото, кои се од суштинско значење за нега на кожата и за исхраната. Исто така, содржи каротин, кој е од суштинско значење за заштитата од сончевите зраци, така што маслото од арган исто така игра важна улога во препаратите за сончање.

За обликување на косата

Ако треба брзо да ја обликувате косата, маслото од арган е одлично решение! Содржи бројни лековити состојки, затоа е одлично и за заштита на косата од топлина. Ставете неколку капки масло на дланките и протријте ги прстите преку сувата коса. Овој третман правите го секој пат пред фенирање, а вашата коса ќе биде исклучително хидрирана.

Маска за коса

Доколку сакате најдобар и најефикасен ефект, најдобриот избор е да го користите маслото како маска. Пред секој голем настан ненесете ја оваа маска и наутро ќе се разбудите со совршено сјајна и мазна коса. Препорачуваме да ја нанесувате низ целата коса (колку повеќе нанесете, толку е подобар ефектот), потоа врзете ја косата во пунџа и ставете крпа на перницата. Вашата коса ќе изгледа сензационално!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *