Ariana Grande и Givenchy подготвија мистериозно видео
13 мај, 20190
Новото лице на модниот бренд.
Францускиот бренд Givenchy објави нов тизер со кој ги заинтригира обожавателите на оваа модна куќа. По првите впечатоци, се чини дека Аријана Гранде ќе биде новото лице на брендот. И покрај тоа што нема официјална потврда за оваа информација, видеото е повеќе од транспарентно.
Во своите официјални извештаи, Givenchy, Ариана Гранде и креативната директорка Клер Вејт истовремено објавија серија видеа и фотографии со интригантна силуета на жена со висок реп.
Навистина, кој би можел да биде?