Chanel vinyl е новиот тренд за усни кој едвај чекаме да го пробаме
7 мај, 20190
Црвената е во втор план.
Chanel, оваа година престижниот Grand Palais го редизајнираше во староградска железничка станица и ни претстави колекција што го пренесе легендарниот класичен француски Chanel шик во новата колекција Chanel Cruise 2020.
Глобалниот креативен дизајнер на Chanel за шминка и боја, Lucia Pica јасно го истакна монохроматскиот дизајн и совршено го нагласи со изборот на лесна шминка со впечатливи детали од vinyl црн кармин.
Легендарните црвени усни на Chanel брзо се најдоа во втор план пред овој модерен изглед, за кој сме сигурни дека едвај чекате некоја специјална вечер.