Ефикасен домашен третман кој го уништува целулитот: Дали сте слушнале за суво четкање?

11 јули, 20200
ццц

Ако сеуште не сте го сретнале овој термин, време е да се запознаете со него и да го ставите во вашата beauty рутина.

Сувото четкање е домашен третман кој, покрај ефикасното разбивање на целулитот, ги подобрува крвниот и лимфниот проток, работата на нервниот систем и го чисти телото од мртвата кожа и токсини.

Се што ви треба за овој третман е четка од природни материјали која можете да ја најдете во аптеките, а може да ви послужи дури и груб стар пешкир.

Она што е од суштинско значење за успешно спроведување на овој домашен третман е внимателно следење на постапката. Четкањето треба да го направите пред туширање за подоцна да ги отстраните мртвите клетки од кожата. Со цел правилно да ја стимулира циркулацијата и лимфниот проток, важно е да се почне со четкање од стапалата нагоре, во насока на срцето. Кога ќе стигнете до вашиот стомак, направете кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Горниот дел од телото (над срцето) четкајте го во надолна насока. Важно е да знаете дека треба да ги избегнувате интимните делови, оштетената кожа и областа со зголемени вени. После туширање, задолжително намачкајте го телото со крем или лосион за да ја нахраните кожата. За најдобри резултати, применувајте суво четкање на дневна основа, барем првите три месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi