23 август, 2019

Радио

Целосно да се ослободите од првутот е многу тежок и долг процес. Но, се чини дека во природата постои лек за овој проблем. Односно во кујната.

Според мислењето на докторката Елизабет Кунане Филипс, чајот од камилица може да има многу корисен ефект врз скалпот и проблемите со првут. Елизабет ве советува неколку недели секој ден чајот од камилица обилно да го нанесувате на целото теме. Сепак, ова нема да го реши проблемот засекогаш. За долготраен ефект, треба да се преземат неколку дополнителни чекори.

Покрај третманите со чајот, потребно е, најмалку двапати неделно, да го исчисти скалпот со пилинг. Покрај тоа, идеално би било доколку купувате шампон и регенератор без парабен, сулфат и слични состојки кои дополнително го сушат скалпот.

Остави коментар

Почетна // живот // Евтина состојка од кујната која ќе ви помогне да се ослободите од првутот
Горе