16 септември, 2019

Радио

На русокосите оваа нијанса најдобро ќе им прилега!

Ако случајно не сте знаеле, пастелната боја повторно ги доживува своите пет минути слава.

Само во изминатиот месец, во пастелно розева боја се офарбаа и Jenner Kylie, Khloe Kardashian и Bella Hadid, потврдувајќи дека станува збор за хит тренд, а за истиот потег се одлучи и Hailey Bieber.

Имено, русокосата манекенка својата коса ја офарба во платинеста розева и на тој начин потврди дека пастелните нијанси на коса се голем хит на годината.

Новата боја дефинитивно ја освежи, што е секогаш добредојдено во зимските месеци, а ние веруваме дека сега, благодарение на неа, овој тренд во 2019. година дефинитивно ќе завладее.

Г-ѓа Бибер ја претстави својата нова фризура за време на прошетката во Беверли Хилс, а мамеше погледи и со нејзиниот необичен outfit.

Остави коментар

Почетна // живот // Hailey Bieber повеќе не е русокоса: Со новата боја на коса го потврди големиот тренд за 2019. година
Горе