Исчистете го скалпот на главата: На овој начин косата расте побрзо!

23 мај, 2019
kosa

Речиси секоја жена има утрински и вечерен ритуал за чистење на лицето, но колку од нас се сетиле да ја исчистат главата?

Ако чувствувате дека вашиот скалп почесто се масти, чувствувате одредена тежина, а шампоните не ви помагаат, не треба да бидете изненадени – вашите пори веројатно се запушени со себум, нечистотија и наслаги од препаратите за коса.

Ние малку истраживме и најдовме лесен начин како да ги исчистите запушените пори на кожата на главата, поради што косата ќе расте неверојатно побрзо. Се што ви треба се три таблети активиран јаглен и малку шампон. Таблетите издробете ги со помош на лажичка, измешајте ги со шампонот и со оваа мешавина масирајте го скалпот. После тоа, измијте ја косата, како и обично.

Одличните резултати ќе ги забележите за само еден месец, а процесот за чистење на порите треба да се повторува барем еднаш неделно.

Ова можете да го направите брзо и лесно…

Истиот ефект ќе го добиете ако користите морска или кујнска сол наместо активен јаглен. Морската сол, исто така, треба да ја иситните пред употреба, а во овој случај, не треба да користите шампон. Ако имате сува коса, измешајте ја со лажица растително масло.

Забелешки: Јагленот не одговара на многу светлина и сува коса, бидејќи бојата на активниот јаглен е потешка за миење. Ако имате чувствителна кожа на вашата глава, користете шеќер наместо јаглен и сол.

Комбинацијата со шеќер одговара на сите видови на коса.