Јога на лице за младешки изглед: Гимнастиката за лице ги отстранува брчките и го спречува стареењето
Природниот anti-age третман можете да го направите дома – следете ги вежбите за јога на лицето за да го обновите тонусот и да го зачувате младешкиот изглед на кожата.
Вежбањето е од суштинско значење за здрав и убав изглед на телото, па тогаш зошто да не го искористиме за убавина на лицето, пишува Lovesensа.
Многу жени, па дури и оние кои се витки, сакаат да изгледаат послаби во лицето, а судејќи според многуте искуства, јогата за лице за многу брзо покажува одлични резултати.
Наместо скапи третмани, масажи и козметика со хемикалии, едноставните јога вежби нека ви станат рутина. Овие вежби помагаат во отстранувањето на масните наслаги во делот кај јаболчниците и вилицата.
Популарната шминка со контури дава ефект на „стеснување“ на лицето, но сега ова можете да го направите на природен начин и да го вратите младешкиот изглед.
Ова видео го виделе повеќе од 5 милиони луѓе, а коментарите се повеќе од позитивни.
Погледнете некои јога вежби кои ќе ви помогнат вашето лице да изгледа поцврсто и посвежо!