20 јули, 2019

Радио

Незаборавен сјај!

21-годишната милијардерка и инфлуенсерка, а воедно и најактивната сестра од кланот Kardashian, Kylie Jenner објави нова колекција на козметички производи, која не само погодна за специјални прилики, туку и за на плажа ако судиме според фотографиите на Kylie . Новата beauty линија се нарекува Under The Sea, а препознатлива е по неверојатниот сјај.

Откако нејзините обожаватели ја искритикуваа розовата пластична амбалажа од претходната линија, Jenner ги зема во предвид критиките и овојпат неколку производи ги претстави во картонски амбалажи.

Колекцијата Under The Sea се состои од два сета make-up за усни – три кармини и сјајни кармини. Во колекцијата, исто така, се наоѓа и палета од 12 сјајни и матни сенки и четири хајлајтери кои можат да се користат за контурирање и сенчање.

Остави коментар

Почетна // живот // Каков make-up користи Kylie Jenner за на плажа?
Горе