Кажете и збогум на сувата кожа со помош на шеќер, кафе и кокосово масло
Зимата е сезона во која хидратацијата на кожата е поважна од кога било. Поради тоа, немате време за зимски сон, туку погрижете се кожата да биде хидрирана и нахранета. Континуираната промена на температурата, влегувајќи од ладна во топла просторија, доведува до зголемено сушење на кожата, перутање, грубост, црвенило и нееластичност на кожата, што воедно претставува и голем предизвик за нега на кожата.
Сара Ревулета од Шпанија го откри нејзиниот рецепт за сувата кожа на нозете, кој се состои од кафе, кафеав шеќер и кокосово масло. Се што треба да направите е да измешате две лажици кафеав шеќер и две лажички кафе со кокосово масло. Кога ќе направите смесата, нанесете ја на нозете. Потоа завиткајте ги нозете со проѕирна фолија. Почекајте половина час, а потоа исплакнете.