16 септември, 2019

Радио

Chiara Ferragni ја започна својата првата beauty capsule колекција во соработка со Lancôme, како што беше најавено во нејзиниот masterclass Beauty Bites во февруари.

За соработката се дебитираше во понеделникот на Instagram профилот на Chiara. Влијателнaта инфлуенсерка зад дигиталната платформа на Blonde Salad и брендот Chiara Ferragni Collection објави видео на кое покажува палета на шминки, маскара и голем број на кармини, а сите се во сјајна розева амбалажа со нејзиното лого.

„Сакав да создадам колекција за шминка која е 100% мој стил. Затоа ги здружив силите со брендот за убавина Lancôme “, рече Ferragni, која веќе беше амбасадор на францускиот бренд за козметика.

Со цел понатамошно промовирање на capsule колекцијата, ограниченото издание на маици ќе биде достапно за купување исклучиво на chiaraferragnicollection.com почнувајќи од 31-ви мај.

Остави коментар

Почетна // живот // КОЛЕКЦИЈАТА LANCÔME X CHIARA FERRAGNI Е СЀ ШТО САКАМЕ ЗА ОВА ЛЕТО
Горе