25 јуни, 2019

Радио

Наскоро пристугнува Kylie Skin .

Kylie Cosmetics наскоро ќе добие нова линија во битката на кланот Kardashian-Jenner, за да завладее апсолутно на сите пазари што можеме да ги замислиме. Kylie Skin е нова линија на производи за нега на кожа, чија презентација пошироката публика ќе може да ја очекува на 22-ри мај.

View this post on Instagram

💦 @kylieskin coming 05.22

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Ова е всушност сосема логичен редослед за Kylie Cosmetics, компанија која, според извештаите, продала шминки во вредност од 600 милиони долари од основањето во 2016. година и воедно Kylie ја направи најмладата милијардерка во светот според Форбс.

Најавени се шест производи кои се погодни за сите видови на кожа. Пена за чистење на лице, тоник од млеко од ванила, пилинг, хидратантен крем, крем за околу очи и серум со витамин Ц. Сигурни сме дека овој бизнис потфат ќе ги најде своите лојални фанови меѓу постојаните купувачи на Kylie Cosmetics.

Остави коментар

Почетна // живот // Kylie Jenner ги претстави Kylie Skin производите за нега на кожа
Горе