22 март, 2019

Радио

На целосно природен начин помага телото да се ослободи од токсините.

Многу дерматолози и козметичари морската сол ја сметаат за најдобар природен пилинг за телото. Бидејќи добро продира во кожата, дејството на минералите целосно доаѓа до израз. Во исто време, кожата ја задржува влагата, не се суши, а стимулацијата на циркулацијата помага да се зајакне телото.

Во античко време, Хипократ и Херодот препорачувале бањи во морска вода и за здравствени цели, за различни респираторни и кожни болести, а денес солта е неопходна состојка во различни препарати за нега и убавина, од купки, облоги до пилинг.

За нејзината популарност, секако, придонесува и фактот дека не мора да одите во велнес или спа центар за да си дозволите „солен“ третман. Едноставно, во вашата бања подгответе купка во каква што уживала Клеопатра. За неа ви треба 0,5 кг морска сол, 200 гр мед и 1,5 л млеко кои ќе ги  измешате во кадата со топла вода. Уживањето е загарантирано, ќе се чувствувате како вистинска кралица и ќе му дадете на вашето тело длабинска  регенерација! За уште подобар детокс ефект, пред да се релаксирате во купката, истријте го телото со морска сол – овој брз пилинг дополнително ќе предизвика циркулација и исфрлање на токсините од телото!

 

Остави коментар

Почетна // живот // Најдобар детокс третман за блескав изглед
Горе