15 септември, 2019

Радио

Дерматолозите и козметолозите имаат бројни правила и совети за нега на кожата. Високо на списокот на beauty гревови е спиењето со шминка на лицето, гризењето на нокти е на второто место, а списокот со сите грешки е долг.

Сепак, според британскиот Vouge, грешката што најлесно можеме да ја направиме е најзначајна. Станува збор за доволна дневна хидратација, што може да се постигне само со доволен внес на вода. Звучи поедноставно отколку што е навистина, па еве три предлози како да пиете вода колку што ви е потребно.

Не се одвојувајте од флашата со вода

Носете шише вода на работа, на обука, на прошетка – насекаде! Кога водата ви е на дофат, е доволен потсетник дека треба и да ја пиете.

„Водени“ закуски

Наместо нездрави, калорични закуски, свртете се кон оние што содржат висок процент на вода, како лубеница, краставица, јагоди или целер.

Апликација како потсетник

Инсталирајте апликација што ќе ве потсетува дека е време да пиете вода. Дефинирајте колку вода сакате да внесете во текот на денот и во кој интервал, а апликацијата ќе се погрижи да не ја заборавите оваа обврска.

Остави коментар

Почетна // живот // Најголемата beauty грешка не е онаа на која помисливте
Горе