26 јуни, 2019

Радио

Она што беше црвениот кармин порано за жените денес е nude карминот без кој веќе не можеме да го замислиме нашиот секојдневен живот. Ова е веројатно производ кој го има секоја жена, а совршен е за дневни и вечерни варијанти, и се вклопува со речиси секаков вид шминка.

Сепак, имајте на ум дека бојата треба внимателно да се одбере – така што ќе одговара на нашиот тен, на очите и бојата на коса, а денес на пазарот има толку многу нијанси  што ова дефинитивно не е лесна задача.

Но, многу beauty експерти низ истражувања дојдоа до едноставен трик кој гарантира дека ќе купите нијанса на кармин која ќе ви одговара совршено. Имено, експерти од NBC во шоуто „The Doctors“ истакнаа дека е доволно да „фрлите поглед“ на вашите гради – затоа што бојата на брадавиците ќе ја открие идеалната нијанса. Бојата на брадавиците е природна и затоа ветува дека карминот во таа нијанса ќе одговара на вашиот тен.

Со nude кармин најдобро одговара нежен и елегантен nude look, што подразбира сјаен, свеж тен, руменило со благо розева боја и темна сенка, која сепак не е црна.

Nude кармините се препорачува секогаш да бидат секогаш со мат текстура, за да бидат потранспарентни на лицето.

Остави коментар

Почетна // живот // Nude кармин треба да има секоја жена, а експертите ни дадоа неверојатно едноставен совет како да ја одберете вистинската нијанса за себе!
Горе