13 декември, 2019

Радио

Иако вообичаената есенска шминка е резервирана за потемни мат кармини, есента со себе носи и промени, па така оваа година, како еден од многуте летни трендови кои останаа присутни во есенските денови, е сјајот за усни.

Сјајот е погоден за создавање прозрачен и природен изглед, погоден за секој ден, така што не се откажуваме од него за време на есента, особено додека сè уште можеме да се израдуваме на некој убав сончев ден.

Во изминатите неколку години, сјајот беше најзапоставениот  beauty производ, но годинава се врати на голема врата и е еден од омилените чекори во make-up рутината.

Бидејќи оваа сезона хит е природната убавина и минималистички make-up, сјајот се идеален избор кога сакате да зачувате природниот glow look.

Оваа есен, особено уживаме во розевата нијанса, која на нашите усни им дава полн изглед, сјај, но и природна боја.

  • Dior Addict Lip Maximizer
  • Too Faced Lip Gloss
  • Anastasia Beverly Hills Lip Gloss
  • NARS Lip Gloss

Остави коментар

Почетна // живот // Одбравме четири nude lip-gloss нијанси кои одговараат со сите есенски комбинации на облека
Горе