18 февруари, 2020

Радио

И покрај тоа што покрај себе имаат цела beauty армија, славните дами честопати се одлучуваат за многу едноставни фризури.

Една од нив е пунџата со намерно извлечени два прамена за која иако не постои официјално име, тимот на магазинот Who What Wear ја нарече оваа фризура „tiny tendrils“.

Бела Хадид, Ријана, Дуа Липа, Емили Ратајковски и Софи Тарнер се само некои од познатите дами кои ја обожаваат оваа фризура и ја носат и во дневни и во вечерни пригоди.

Покрај тоа што одговара секому, оваа фризура е неверојатно едноставна и може да ја направи скоро секој. Плус, неодоливо потсетува на матурските фризури од 90-тите, па најверојатно ќе добиете одобрување од мајките и постарите сестри.

View this post on Instagram

also… @fenty

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Остави коментар

Почетна // живот // Омилената фризура на познатите дами, оваа година е хит избор за празничните забави
Горе