Основни грешки при лакирањето на ноктите

15 февруари, 20190
нокти

Лакирање на нокти е едноставна работа, но одржувањето на маникирот понекогаш може да биде доста тешко и фрустрирачко.

За да имате уреден и постојан маникир што е можно подолго, избегнувајте ги следните грешки при лакирањето на нокти.

Лакирање нечисти нокти

Ако имате било каква нечистотија на вашите нокти, ако се влажни или нецелосно исчистени од претходниот лак, многу е веројатно е дека вашиот лак нема добро да се вклопи со самиот нокт. Пред лакирање, нежно исчистете ги ноктите со четка слична на онаа за заби, а потоа добро исушете ги со крпа или, доколку е потребно, со фен. Дополнително, пред лакирање, избришете го секој нокт со ацетон за да ја отстраните акумулираната маснотија, која што водата не може да ја отстрани доволно темелно.

Не користете база или завршен лак

Базата треба да биде задолжителен дел од вашиот маникир за долготраен лак. Што се однесува до завршниот лак, изберете од оние што се сушат побавно, бидејќи се поцврсти и подолго ги штитат лакот и бојата.

Не внимавате на одржувањето на ноктите

Во било која активност во домаќинството која вклучува вода, треба да користите гумени ракавици. Дополнително, ако лакот побрзо ви се лупи од ноктите, нанесувајте еден слој завршен лак секој втор ден и негувајте ја кожата околу ноктите со хранливи масла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi