16 јули, 2019

Радио

Денес, тешко е да се смисли нешто ново и невидено. Но, затоа старите трендови понекогаш можат да се вратат во мода. Ова особено важи за уметноста на ноктите.

Така, анти-францускиот маникир, или обратниот француски маникир, повторно се враќа на голема врата (кој исто така се нарекува и месечев маникир), во кој не го украсуваме врвот на ноктите, туку линијата се повлекува во коренот на ноктите. Ова е минималистички маникир кој привлекува многу внимание, бидејќи е поинаков и интересен.

Како да го направите овој изглед? Многу едноставно! Почнете со проѕирен основен слој или лак во неутрална боја. Откако лакот ќе се исуши, со многу тенка четка по должината на коренот, повлечете ја линијата во боја по сопствен избор. Пробајте ги следните опции:

Неонски нијанси
 

Светки

Класичен обратен француски маникир

Остави коментар

Почетна // живот // Ова е минималистичкиот тренд за маникир кој ќе владее ова лето
Горе