17 февруари, 2020

Радио

Доколку случајно сте размислувале да го пратите момчето да ви купи пудра да знаете дека не е најдобра идеја.

Дали некогаш сте го земале вашето момче во шопинг на козметика, а потоа му се смеевте како збунето, како Алиса во земјата на чудата, се обидува да открие каква е целта на секој производ? Една корисничка на Twitter покажа целосна доверба во нејзиното момче и го испрати да и купи пудра. Таа му даде едноставни упатства – да стави пудра на неговата рака и да ѝ испрати слика за да може да види дали е добра нијансата. Тој храбро тргна на својата козметичка авантура, но премногу буквално ги разбрал инструкциите.

Откако ѝ испрати фотографија од целата амбалажа на неговата  рака, таа ја сподели на Twitter, а нему и понатаму не му беше  јасно што не е во ред со фотографијата. Во меѓувреме, фотографијата е споделена околу 50 илјади пати, а целата интернет заедница се приклучи на коментирите на оваа несреќна грешка. Додека повеќето девојки мислат дека ова е  пресмешно, момците го бранат, посочувајќи дека тој навистина се потрудил. Она што останува нејасно е „кој ѓавол ја натерал“ да го испрати дечкото по пудра (без нејзината професионална придружба) и каде го нашла дечкото кој што се согласува да го стори тоа, за да можеме и ние останатите да побараме.

Не се давај човеку кој сам отиде по пудра за девојката, ние сме со тебе!

Остави коментар

Почетна // живот // Ова мора да го видите – момчето навистина се потруди
Горе