Oва се 6-те главни виновници за првут и безживотна коса

30 јануари, 20190
iri

Првутот е еден од најомразените beauty проблеми.

Додека некои целиот живот се борат со првутот, кај други тоа се случува повремено, но и во двата случаи е непосакуван и непоканет гостин.

Ако ја знаете причината, ќе можете полесно да се ослободите од првутот, па дури и да ја спречите повторната појава. Дознајте поради што најчесто се појавува.

Генетика

Слично како и акните, првутот може да биде наследен. Најчесто е генетски проблем ако некој во семејството има хронични проблеми со кожата, како што е себороичниот дерматитис.

Стрес

Се чини дека стресот, освен брчките, сивата коса и бројните beauty и здраствени проблеми, исто така може да предизвика и првут, особено кај оние кои имаат кожа склона кон потење и сушење.

Хормони

Ненадејна промена на нивото на хормони во телото исто така може да предизвика првут. Додека хормоните го контролираат лачењето на мастите на скалпот, тие можат да предизвикаат прекумерено мастење. Во секој случај, кога ќе видите дека вашата коса е одеднаш мрсна или со првут, можно е во телото да има хормонски дисбаланс.

Псоријаза

Ако со првутот ве мачат црвенило и иритација на кожата на темето, можно е да станува збор за псоријаза. Ако се сомневате на некоја кожна болест, задолжително треба да го посетите дерматологот.

Суво теме

Исто како и секој друг дел од кожата и темето може да се исуши. Сувата кожа обично е резултат на дехидрација, а со цел да се избегне ова, користете маска за коса или кокосово масло, најмалку еднаш неделно.

Лоша хигиена

Неправилното миење на косата, исто така, може да предизвика првут поради насобраните мртви клетки на кожата на темето. Од друга страна, премногу миење не е добро решение. Ако вашето теме е склоно кон првут, тогаш можете слободно да ја миете косата на секои два дена, во спротивно доволно ќе биде два пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *