Со овие 5 лесни чекори ќе ги избегнете црните точки кои ви остануваат после бричењето

26 август, 20190
b

Бричот нема можност да го отстрани коренот на влакното како восокот, па влакната почнуваат да се чувствуваат уште следниот ден, а кај некои луѓе и да се гледаат. Естетскиот недостаток што овој метод го носи со себе се непривлечните црни точки кои се гледаат дури и кога кожата е мазна на допир. Сепак, постојат неколку потези што треба да ги следите за да не бидат видливи.

1. Избегнувајте бричење наутро

Кожата за време на спиењето се загрева и влакната се впиваат во нивните фоликули, па е невозможно да ги исечете до коренот. Бричење оставете го за вечерното туширање.

2. Прво отворете ги порите

Туширајте се десет минути со топла вода за да ги отворите порите и да се омекнат влакната.

3. Направете пилинг

Со овој потег ќе го отстраните мртвиот слој на кожата и ќе ослободите поткожните влакна.

4. Користете производи кои се наменети за бричење

Иако многу жени сакаат да заштедат пари на пена или гел за бричење сметајќи ги сапунот или гелот за туширање за соодветна замена, за жал тоа не е точно. Пената и гелот за бричење помагаат бричот да оствари подобар контакт со кожата, да се спречи иритација и да ги омекне влакната.

5. Хидрирајте ја кожата после бричење

Туширањето завршете го со ладна вода за да ги затворите порите, а по нежното бришење со пешкир, нанесете хидратантен лосион или масло за да и ја дадете на вашата кожа неопходната хидратација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi