Совршена есенска фризура која може да трае неколку денови

9 октомври, 20190
kosa

Со доаѓањето на студените денови, доаѓа и една од најомразените нуспојави со која се бори секоја од нас, а тоа е реакцијата на нашата коса на влага и нејзиниот сè побезживотен и неуреден изглед. Дали ви се чини дека во текот на студените денови секој  ден е bad hair day? Сепак, постои еден практичен начин да за стилизирање на косата, со кој нашата фризура ќе биде атрактивна и трајна.

Секоја од нас се чувствува најубаво кога косата ни изгледа совршено, но доста често временските услови го расипуваат целиот наш труд за само неколку минути. Затоа, фернирањето е дефинитивно најдобриот начин да ја задржите вашата фризура! Ако правилно ја исфенирате косата, сигурно ќе имате фризура во текот на целиот ден без оглед на временските услови.

Пред фенирањето потребно е косата да ја нахраните со масло и на тој начин ќе и дадете волумен и сјај, така што косата ќе ви биде свиленкаста, сјајна и мека на допир.

За да вашата убава коса изгледа како штотуку да сте го напуштиле салонот, треба да имате соодветна четка за коса и да бидете вешти во движењата за правилно фенирање.

После фенирањето, нанесете силиконски капки, со цел секое влакно да се задржи на свое место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi