Тиквата го успорува процесот на стареење

12 ноември, 20190
tikva

Ова е вистинско време за уживање во слатките плодови на златната есен. Тука е тиквата што треба да се консумира колку што е можно повеќе заради нејзините корисни состојки.

Го чисти организамот од токсини и богата е со антиоксиданти. Одличена е за зглобовите, помага при повреди на меките ткива, но и во борбата против стресот.

Тиквата е богата со витамин А, кој ги чува очите од дегенеративни промени и катаракта, додека високото ниво на витамин Ц помага во зајакнување на имунитетот и засилување на производството на колаген, правејќи ја кожата блескава и еластична. Исклучително е богата со каротин, што го забавува стареењето и спречува кардиоваскуларни заболувања. Семето од тиква има високо ниво на протеини и масни киселини кои помагаат во регулирање на холестеролот, штитат од артритис, ја зајакнуваат функцијата на мозокот, додека маслото од семето е одлично за лекување на воспаление на простатата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi