Трик кој ќе ви помогне пудрата да изгледа природно на вашето лице

12 ноември, 20190
ппп

Не е лесно да пронајдете пудра која совршено одговара на вашиот тен, или да ja нанесете така што ќе делува природно, а не како маска.

Но, познатиот шминкер Вејн Гос за „Cosmopolitan“ откри трик за кој тврди дека гарантира природен изглед на пудрата, а исто така е многу едноставен.

Поточно, сè што треба да направите е за време на нанесувањето да додадете капка масло во пудрата. Тој препорачува бадемово масло или масло од јојоба, но исто така вели дека нема да погрешите ако изберете друго beauty масло по ваш вкус.

Кога ќе го додадете маслото во пудрата, таа ја менува текстурата и станува помазна, па затоа е полесно да ја нанесете и размачкате на лицето, што значи дека ќе ви треба помала количина и резултатот ќе биде беспрекорен и блескав тен кој изгледа потполно природен како воопшто да немате пудра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi