24 мај, 2019

Радио

 Подготвени сме за најновиот додаток кој можеме да го пронајдеме меѓу состојките во производите за нега на лице.

Да, зборуваме за ананас.

Со брендовите како што се Marc Jacobs, Too Faced и Glow Recipe , кои ова лето лансираат производи за нега на кожа на база на ананас, официјално ова е новата go-to состојка со која ќе ја развеселиме нашата кожа.

Зошто ананасот е добар за кожата?

Ананасот е богат со витамини Ц и E, кои се потребни за да ја освежите вашата кожа кога ви се чини дека е безживотна. Познато ни е дека го осветлува и балансира тонот на кожата, додека антиоксидантите спречуваат од оштетување кожата и контаминација во текот на денот.

Ананасот е важна состојка, бидејќи покрај се е и благ пилинг. Ензимите кои се наоѓаат во ананасот можат да ги ублажат мртвите клетки на кожата и ја намалуваат појавата на акни, што значи дека е идеален за секој кој се бори со упорните неправилности.

Зборувајќи за мозолчиња, ананасот е исто така е природен анти-воспалителен агенс, па кога ќе се појават на несакани места, овошјето ќе помогне да се намали црвенилото и отокот.

Во основа, ананасот е одговор на сите наши проблеми кога станува збор за нега на кожата.

Остави коментар

Почетна // живот // Зошто мораме ананасот да го додадеме во нашата beauty рутина?
Горе