Удобни и идеални за секој облик на тело: Бикини со потписот на Селена Гомез
Пејачката и актерка Селена Гомез од неодамна е во модната индустрија, позирајќи за големите брендови како Puma, Coach …, a сега одлучи да создаде сопствена линија на бикини во кои можат да уживаат жените со секаква форма на тело.
Идејата на нејзината креација е да се создаде „удобни” костими за капење кои одговараат на сите жени, а инспирирана е од нејзините лузни кои останаа после операцијата на бубрезите.
– Секоја жена сака да се чувствува секси. Секоја жена сака да има висока самодоверба и да се чувствува убаво. Сакав да создадам неколку различни видови бикини, така што секој ќе може да најде нешто за себе во колекцијата – рече пејачката.
Музичка ѕвезда вели дека добро се забавувала додека ги дизајнирала костумите за капење, а таа открива дека има намера да продолжи да се занимава со оваа работа, бидејќи ја исполнува на посебен начин.