Ултимативен тренд за ова лето: Размислувајте розево!
5 јули, 20190
Mногу e подобро светот да го гледате низ розеви очила, а ако оценуваме според трендовите за ова лето, добро е да се облекувате во розeво од глава до пети.
Откако кон крајот на 2015. година стана хит, најверојатно благодарение на rose quartz нијансите на iPhone, розевата е насекаде: од корици на музички албуми, постери на филмови (потсетете се на „The Grand Budapest Hotel”), фасади на згради, ѕидови и мебел, се до трендовски алишта и модни додатоци.
Розевата боја стана една од водечките бои на црвениот тепих, на сите фестивали, а доминираше и на последната Мет Гала.
Највеселиот колорит повеќе не е резервиран само за малите девојчиња и Барби кукли, туку и за бизнис жените.