Време е за пролетен детокс: Напиток од пет состојки за чистење на организмот

3 април, 20190
detoks

Бидејќи пролетта е време кога сѐ се буди и сѐ се менува, кога ќе се продолжи денот и сонцето ќе блесне, детално ги „прочешлуваме“ гардероберите, ја менуваме фризурата, интензивно ги посетуваме козметичарите и фитнес центрите, а често се случува да заборавиме на најважната работа – детоксификација на организмот.

За среќа, постојат шејкови кои лесно се подготвуваат, ја хранат кожата и го чистат организмот, а во продолжение следува рецепт кој делува како природен прочистувач кој го ослободува телото од токсини. Главните состојки на пијалокот се ананасот и лимонот кои се богати со витамини и минерали.

Состојки:

  • 1  шолја ананас – свеж или конзервиран
  • ½ цеден лимон
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 1 лажичка цимет
  • 2 шолји вода

Подготовка:

Исецканиот ананас заедно со другите состојки ставете ги во блендер, добро измиксирајте ги и уживајте во освежителниот пијалок и сите придобивки кои ги носи со себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *