5 навики кои го одржуваат мозокот помлад: Еве како да ја зачувате виталноста на организмот

16 декември, 20190
хг

Секој од нас е свесен за своите години. Доволно е само да ги преброите свеќичките на својата торта.

Овој број не покажува само колку години живеете, туку и како вашите години влијаеле на функционирањето на вашето тело.

Телата на некои 80-годишници изгледаат како да се двојно помлади. Имаат одлична меморија и одлични когнитивни способности. Тие се убав пример за тоа како да се живее правилно и убаво. Но, прашањето е како можеме да дојдеме до ова. Научниците идентификуваа 5 начини да го направите вашиот мозок помлад.

1. Размислувајте позитивно за вашата возраст

Експертите велат дека оптимистичките очекувања за сопственото стареење навистина помагаат да се надмине овој процес без да се изгуби чувството за среќа.

2. Благодарност

Ако по природа не сте многу оптимисти, науката има еден одговор за вас. Благодарност.

Научниците дошле до заклучок дека ако некое лице свесно обрнува внимание на позитивните моменти во својот живот и е благодарен за истите, се менуваат нервните врски во неговиот мозок. Како резултат, му станува полесно да го види сето добро што го опкружува.

3. Повеќе комуникација и поминување време со пријателите

Дружењето со пријателите е докажано дека го намалува стресот. Во исто време, осаменоста може да биде штетна за организмот, како и да консумирате 15 цигари на ден.

А кога го елиминирате стресот, автоматски го забавувате процесот на стареење.

 4. Медитација

Друг начин за намалување на стресот е разорната моќ на медитација врз него.

Резултатите од студијата покажуваат дека биолошката возраст на оние кои редовно медитираат е околу 7 години пократка од нивната реалната возраст.

Инаку, за да ги почуствувате позитивните ефекти од медитацијата, потребно е само неколку минутна медитација на ден.

5. Следете здрав начин на живот

Конечно, сите горенаведени совети можат да ви помогнат само доколку се придржувате до основите на здрав начин на живот.

Урамнотежената исхрана и дневната физичка активност се одлика на здравиот начин на живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi