Ако имате темни точки по вратот, тоа може да биде симптом за опасно заболување

9 април, 20190
bemki

Секоја промена на кожата на вратот може да биде добра причина за да се обратите кај доктор.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за вашето здравје, се што треба да направите е да го погледнете вратот, бидејќи црните кругови или точки што одеднаш се појавуваат овде може да покажат дека се борите со дијабетес или полицистични јајници. Во најлош случај, тоа може да биде симптом за рак. Техничкото име на овие точки е “acanthosis nigricans”. Постојат неколку причини зошто овие точки се појавуваат на вратот.

Почесто можете да ги забележите кај луѓето со повеќе килограми. Симптомите исто така може да укажуваат на присуство на дијабетес тип 2  или зголемен ризик од оваа болест. Тие исто така можат да бидат симптом на дисбаланс на хормони или последица од конзумирање на одредени лекови како што се стероиди и контрацептивни таблети.

Кушингов синдром, синдром на полицистични јајници или неактивна тироидна жлезда, исто така, се дијагностицирани кај луѓе кои ги имале овие точки на вратот. Во ретките и најопасните случаи, овие точки исто така може да укажуваат рак на стомакот. Ако забележите ваква темна пигментација на вратот, најдобро би било да посетите доктор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *