Beauty трик кој треба да го избегнувате бидејќи ѝ штети на вашата кожа

24 мај, 20190
бб

Кога станува збор за ден исполнет со обврски и кога сте свесни дека немате време за да ја поправите шминката, важно ви е да се задржи до вечерта, нели?

Поради оваа причина, најверојатно ќе посегнете по еден од постарите make-up трикови, a тоа е фиксирање на шминката со лак за коса.

Во овој начин на фиксирање се колнат театарските шминкари и некои од шминкерите на познатите личности, тврдејќи дека ова е единствениот начин шминката да се задржи повеќе од осум часа.

Сепак, редовната употреба на овој трик ја уништува кожата, бидејќи лакот за коса, чии состојки се пре-агресивни за кожата на лицето, дополнително ја сушат и многу е можно да се запушат порите.

Единственото место на лицето кое е во ред да се фиксира со лак за коса се веѓите што нема да се оштетат, туку со часови ќе ги задржат во истата форма.

За среќа, што се однесува за фиксирање на преостанатиот дел од шминката, фиксаторите за шминка сега се доста усовршени, а некои од нив ветуваат шминката да трае до 24 часа без да ја исуши кожата и да ги затне порите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *