25 април, 2019

Радио

Сите сме родени со најголем и најдобар систем за детоксикација, затоа не ни е потребна дополнителна детоксикација, тврдат експертите. Некои тврдења за „детоксикација“ на организмот можат да звучат одлично, како што е поголемата енергија, подобро варење и чистење на организмот, но всушност мит е дека на вашето тело му треба детоксикација.

„Сета наводна детоксикација е веќе направена од црниот дроб, бубрезите, кожата, белите дробови и цревата. Детокс-диетите се маркетинг митови, а не хранлива реалност “, велат експертите од Британската асоцијација на диететичари.

„Единствениот ултимативен животен стил кој ви е потребен е комбинирање на здрава, балансирана исхрана со вежбање и отфрлање на штетните навики како што е пушењето“, вели нутриционистката Кетрин Колинс, а пренесува CDM.

Затоа, ако сакате да поттикнете детоксикација, се што ви треба е здрава, урамнотежена исхрана која може да се подели во пет главни групи. Според англискиот водич за здравствена нега Eatwell, поголемиот дел од она што го јадеме треба да содржи овошје и зеленчук, и јаглехидрати од скроб, додека протеините и млечните производи треба да се консумираат во умерени количини. Исто така, се препорачува повеќето масти во исхраната да се незаситени.

Остави коментар

Почетна // живот // Дали детоксикацијата на организмот е реална потреба?
Горе